Победнички старт на Ѓорческа во Севиља

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа очекувано денеска ја мина првата пречка на турнирот во шпанскиот град Севиља совладувајќи ја домашната претставничка Алба Реј Гарсија со 2-0 во сетови.

Ѓорческа (279 на ВТА листата) го реши во своја корист првиот сет во тај-брек со 15-13, по што во вториот сет беше поубедлива, препуштајќи и на 890-рангираната светска тенисерка два гема.

Во второто коло Ѓорческа утре за противничка ја има Мартина Ди Џузеое од Италија (283).

Треба да знаете
Последни објави