Американскиот пратеник за Авганистан Залмај Калилзад, поднесе оставка, објави шефот на американската дипломатија, Ентони Блинкен. Него ќе го замени Томас Вест, советник во Белата куќа додека Бајден беше потпретседател, наведе државниот секретар во кусата изјава.