Тренерот на Барселона, Роналд Куман, изјави денеска оти победа во натпреварот против Динамо Киев во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ) е императив доколку неговиот тим сака да обезбеди пласман во осминафиналето.
– Играме важен натпревар, играме за својата иднина во ЛШ. Откако загубивме два натпревари, сега мораме да победиме, нема друго решение, изјави Куман на денешната прес-конференција.
Барселона утре на својот стадион го пречекува украински Динамо Киев во рамки на 3. коло како последнопласирана во групата Е без бодови, по стартните порази од Баерн Минхен (3-0) и Бенфика (2-0).
Во минатото само Њукасл во 2002 и Аталанта во 2019 година успеаја да ја минат групната фаза во ЛШ, откако претрпеа порази во воведните три кола.