Почина доајенот на битолското новинарство Никола Талевски

Роден 1940 година во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки – Белград во групата за новинарство (1947). Магистрира на Институтот за политички и правни истражувања – Скопје (1982). Основна научна преокупација му беше истражувањето и проучувањето од областа на информирањето на граѓанството. Има објавено голем број библиографски единици. Бил професор по политички науки на Универзитетот во Битола.

Твореше и од сферата на хуморот и сатирата и имаше објавено 3 книги.  Беше раководител на групата за истражувања од областа на информирањето и други научни области.

Член на Македонското научно друштво Битола од 1987 година.

Опелото ќе биде во 10 часот во црквата „Свети Димитриј“ во Битола, а погребот е во 12 часот на Буковските гробишта.

Треба да знаете
Последни објави