Имамовиќ, објаснувајќи го предлогот, кажа дека резолуцијата е потребна по сите пресуди на Хашкиот трибунал, а за мир и помирување на бошњачкиот и српскиот народ.
Целта на резолуцијата е да се забрани секакво пропагирање на геноцидот, величење на воените злосторници и величење на геноцидот над бошњачкиот народ, објасни тој.
Имамовиќ како пример за тоа величење на геноцидот и воените злосторници го наведе најновиот случај на ракометен натпревар во Нови Пазар и однесувањето на навивачите на Црвена звезда, и констатираше дека одговорност за тоа има и собранието, кое „со молчење ги поддржува овие идеи и геноцидни намери“ на спортските манифестации.
„Тоа е резултат на одобрувањето кое го дава државниот врв на Србија, кој често го величи геноцидот, а неретко и воените злосторници“, кажа тој.
Предлогот на Имамовиќ не беше прифатен, како ни тој што го дадоа пратениците на Движењето на социјалистите, да се донесе одлука за формирање комисија за истрага и утврдување на бројот на жртвите на НАТО агресијата во 1999 година.