Минатата недела за првпат во скопската Зоолошка градина се роди џуџест мармозет, од родот на најмалите мајмунчиња на светот кои тежат најмногу до 100 грама.
Може да замислите колку е мало бебенцето- минијатура еднаква на детско прсте. Да ни е живо и здраво, информираа тогаш од скопската Зоолошка.
Денеска пак, британската новинска агенција Ројтерс објави вест за овој преубав настан во скопската Зоолошка градина.
„Бебето мармозет донесе радост во скопската Зоолошка градина“, наведува Ројтерс со видео од овие мали животни, на нивниот Твитер профил.
A baby marmoset, the size of a man's thumb, was born in a Skopje zoo pic.twitter.com/CBAyivbVHd
— Reuters (@Reuters) October 19, 2021
Познати како најмалите примати, телото на мармозетите просечно е долго 13 см. Тие потекнуваат од Боливија, Бразил, Колумбија, Еквадор и Перу и обично живеат во групи од 2 до 6 единки.