Македонскиот ракометен првак и двократен европски првак Вардар вечерва во 5. коло од групата А во елитното клупско натпреварување од Лигата на шампионтие го претрпе вториот пораз, овојпат на гостувањето кај вицешампионот Албор во Данска (33:29). Тренерот на „црвено-црните“ Веселин Вујовиќ го призна овој пораз како реалност и посака што побргу да го забаорави.
За Вујовиќ натпреварот е загубен на стартот од вториот дел кога Алборг направи предност од шест гола.
-Алборг одигра одлично, а средбата ја загубивме во првите десет минути од второто полувреме. Дозволивме противникот да ни направи седум гола предност, се обидовме да направиме нешто, но невозможно беше да се вратиме.Овој меч за мене веќе е историја, а најважен ми е следиот дуел со гермнаскиот Кил –изјави Вујовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.