Возбудлив натпревар со вкупно седум постигнати голови одиграа Спартак и Лестер во Москва во 3. коло од групата во Лига Европа. Со рзултаски пресврт во режија на Патсон Дака кој постигна четири гола Лестер го совлада рускиот Спартак со 4:3.
Рускиот Спартак со погодоците на Соболев и Ларсон најави победа против англискиот премиерлигаш Лестер, но надежта дека има и второто полувреме ја остави Дака со гол во последната минута од првиот дел. Во второто полувреме набрзина за шест минути во првите девет Дака направи комплетен пресврт, а потоа на 11 минути пред крајот додаде уште еден, негов четврти за да гопотврди триумфот на неговиот тим.
Соболев на четири минути пред крајот постигна трет гол за Спартак, но рускиот тим не го избегна поразот.
Во групата, Лестер сега има четири бода и е втор, Спартак остана на третото место со три бода, додека Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е последен со само еден бод и утре ќе игра против лидерот Легија, која има шест бода од првите две кола.