Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска изјави дека Алијансата мора да продолжи да разговора со Русија, откако Москва ја затвори својата мисија поради шпионскиот спор.
Тоа ќе значи потпирање на „жешката линија” меѓу командантот на руската армија, Валериј Герасимов, и командантот на НАТО за Европа, Тод Валтерс, како и средбите на Столтенберг со министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, наведуваат дипломатите.
Русија, исто така, ја остави отворена вратата за дипломатија преку својата амбасада во Белгија, откако ги замрзна официјалните состаноци во форматот Советот НАТО-Русија.
-Односите меѓу НАТО и Русија сега се на најниското ниво од крајот на Студената војна. За нас, тоа не е причина да немаме дијалог, рече Столтенберг на прес -конференција.
Русија во понеделникот соопшти дека ќе ги прекине сите активности на нејзината дипломатска мисија во НАТО, откако Алијансата протера осуммина руски дипломати од мисијата заради шпионажа.