Дали мислите дека доколку дојде на власт ВМРО ДПМНЕ олицетворено во Данела, ќе ги тргне спомениците од Скопје 2014. Дали Левица смета на тоа во договорот за коалиција со ВМРО ДПМНЕ?, пишува на својот фејсбук профил, професорката Мирјана Најчевска.
„ВМРО-ДПМНЕ не се реформираа, не ги препознаа направените грешки, се амнестираа за криминалите направено во текот на нивното владеење. Зошто би го сакале назад истото ВМРО-ДПМНЕ кое едвај го симнавме од грбача? Кој дел од барањата на Шарената револуција ќе ги исполни ВМРО ДПМНЕ доколку дојде на власт? Која од грешките направени во време на своето владеење ВМРО ДПМНЕ ја препозна како грешка?, прашува Најчевска.
Професорката укажува дека прашањата се однесуваат за истите оние поради кои „се акало по улици“.
„Која е таа битна промена која е направена во самото ВМРО ДПМНЕ за во било кој момент да посакам повторно да биде на власт?“, заклучува Најчевска.