Споре информациите двете страни се согласиле на прекин на соработката поради слабите резултати на тимот сезонава. Црно-белите се наоѓаат на претпоследната позиција на табелата со само три освоени бодови на осум натпревари и без ниту еден триумф.
Поразот од Тотнем од 2-3 минатиот викенд на „Сент Џејмс Парк“ беше 1.000-ти за Брус во Премиерлигата и последен на клупата на Њукасл.
Поранешниот легендарен фудбалер на Манчестер јунајтед беше менаџер на Њукасл од летото 2019 година.