Амбасадорот Гир денеска го предаде извештајот на Европската Комисија за прогресот на Северна Македонија, кој во целост го потврдува напредокот на кој посветено работиме, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.
-Извештајот ја нагласува цврстата и одлучна имплементација на ЕУ реформите особено во клучните области како што се владеење на правото, вклучувајќи ја и борбата против корупцијата и организираниот криминал. Врз основа на тоа, во извештајот се препорачува итен почеток на преговори за пристап кон членство и прва меѓувладина конференција до крајот на годината за време на Словенечкото претседателство. ЕК во извештајот потенцира дека реформите се континуиран и долг процес кој не треба да биде прекинат и кој бара посветеност и од опозицијата и од другите делови на општеството. Извештајот потврдува дека чекориме силно на европскиот пат. Тоа е единствениот пат кој носи европски стандарди и подобар живот, напиша Заев.