Високиот суд во Лос Анџелес го одобри барањето на Канје Вест за промена на неговото име.
Познатиот рапер, продуцент и моден дизајнер пред неколлу месеци поднесе барање за легална промена на своето име Канје Омари Вест во Је, без средно име и презиме.
Во барањето што го достави до судот во Лос Анџекес во август, Канје наведе дека неговата одлука е од лични причини, но не даде дополнителни информации во образложението.
Судијката Мишел Вилијамс во документите наведува „барањето за промена на името е одобрено бидејќи немаше приговори“.
Претходно, во своите објави на социјалните мрежи како и во неколку интервјуа, Канје откри дека Је е кратенка од неговото прво име кое го сака, и е збор што често се користи во Библијата.