Кралицата Елизабета Втора не се чувствувала добро, па „неволно” го прифатила советот на докторот да го откаже патувањето во Северна Ирска.
Патувањето планирано за утре и задутре е одложено, соопшти Бакингемската палата.
Во соопштението, палатата наведе дека на кралицата и било препорачано да се одмори „следните неколку дена”.
Извор близок до палатата за Си-Ен-Ен кажал дека нејзиниот здравствен случај „не е поврзан со Ковид-19″.
„Нејзиното Височество е добро расположено и разочарано е што веќе нема да може да ја посети Северна Ирска”, се наведува во соопштението.
„Кралицата ги испраќа своите најтопли желби до луѓето во Северна Ирска и со нетрпение очекува да ја посети во иднина”, се додава во соопштението на Бакингемската палата.