Еден од најважните воено-политички лидери на поранешната Социјалистичка Федеративна Република Југославија, пензионираниот адмирал на флотата на Југословенската морнарица, Бранко Мамула, почина синоќа на 101-годишна возраст во Тиват.
Мамула беше една од најистакнатите личности кои учествуваа во формирањето и развојот на таа федерација, од Втората светска војна до крвавиот распад на СФРЈ во граѓанските војни во раните 1990 -ти, пишува подгорички „Вијести”.