ДУИ преку портпаролот Бујар Османи упатија повик до сите Албанци, но и другите етнички заедници да гласаат за скопскиот градоначалник Петре Шилегов бидејќи е важно е да се обезбеди континуитетот на проектите за развој на Градот Скопје во целина што го наметна Шилегов, кој несомнено покажал дека еднакво се грижи за сите жители на главниот град. .
-Во овие четири години видовме дека приоритет на градот може да бидат и регионите каде живеат Албанци, изминативе четири години видовме развој на досега неправедно запуштените реони на градот. На крајот на краиштата, во изминатите четири години видовме што значи да се гради мултикултурен град со почит и кон јазичното шаренило, кон образованието, но и воопшто како се гради доверба меѓу сите граѓани на Скопје. Албанците тоа го почитуваат и затоа вратија со доверба уште во првиот круг. Оваа доверба очекувам да се повтори и во вториот круг и затоа ги повикувам сите, без разлика на партиската припадност, за градоначалник на Скопје да му дадеме доверба на Петре Шилегов што ќе биде најголема гаранција за континуитет на проектите во средините каде живеат Албанците. Сметам дека тоа е важно и за сите граѓани на овој град, за Македонците, за Ромите, за Србите, за Турците, за Бошњаците итн. Скопје станува и побезбеден и постабилен и попрогресивен град и оттука едноставниот е правилно да го поддржиме Петре Шилегов, рече Османи.
Фокус на ДУИ во вториот круг од локалните избори во Скопје ќе биде Општина Чаир, каде што нивниот кандидат и актуелен градоначалник Висар Ганиу ќе се бори против кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива, Беким Сали.
На прашањето дали со тоа што ДУИ дава поддршка за Шилегов очекува СДСМ да возврати со поддршка на Теута Арифи во Тетово, Османи вели дека поддршката за актуелниот градоначалник на Скопје е повеќе прашање на одлука за вредностите, но и дека секако очекуваат поддршка од коалициските партнери во Тетово.
„Во однос на мојата изјава денеска како повик до Албанците за поддршка на кандидатурата на актуелниот градоначалник не е поврзана со никакви политички договарања туку како начин за гаранција на еден поубав, попрогресивен и поубав град Скопје. Со континуитет на проектите кои првпат беа рамномерни за сите делови на Скопје и првпат сите граѓани на Скопје почувствуваа дека имаат локална самоуправа која се грижи за сите нив, независно дали се наоѓаат на десната или на левата страна на Вардар, дали се помалку или повеќе развиени, дали се од една или од друга етничка припадност. Ова е повеќе прашање на одлука за вредности отколку што е дел за некакви политички договарања. Се разбира дека за Тетово очекуваме поддршка од нашите коалициски партнери, меѓутоа во Тетово ние сме единствените кои нудат сериозна платформа за градот со кандидат кој е искусен и може да ја реализира таа платформа и со тоа им се обраќаме на сите граѓани на која било партиска или која било етничка припадност, рече Османи.