Сеавус го најавува хибридиотнастан – CodeTalks, кој ќе се одржи на28 октомври, од 16:30 часот.Овојпат, настанот е посветен на front-end технологиите.Присутните ќе имаат можност да слушнат за микро Frontend архитектурата и Angular апликациите. Преку техничко и практично знаење и примери, учесниците ќе можат да научат за новите технологии и да ги подобрат своите вештини. Домаќини на настанот се експертите на Сеавус, Игор Јошевски – TechnologyLineManager и Димитар Четелев– IntermediateDeveloperво Телеком одделот на Сеавус. Игор Јошевски детално ќе ја разгледа “MicroFrontendArchitecture”, објаснувајќи го процесот на креирање на микро frontend и дефиницијата на микро-апликациите. Ќе имате можност да дознаете повеќе за архитектурата на микро frontend, планирање и интегрирање, како и кои се добрите и лошите страни на користењето на оваа архитектура. Дополнително, ќе разберете зошто и кога програмерите одлучуваат да користат микро frontend и која е користа од истото. Втората тема на овој настан ќе биде “CodesmellsinAngularApplications” презентирана од Димитар Четелев. Во својата презентација, тој ќе сподели некои од “замките” во кои лесно може да се најдат програмерите на Angular, зошто се појавуваат и како може да спречите тие да се повторат. Настанот CodeTalks ќе биде завршен со TheLionTalkпанелот каде што сите учесници ќе имаат можност да добијат одговор на нивните прашања.
Резервирајте го вашето место денес и искористете ја оваа одлична можност да научите нови работи, да ги подобрите своите вештини, да добиете одговор на сите прашања, креирате нови пријателства, како и да бидете опкружени со други лица кои се интересираат за финансиските иновации и новите технологии. Seavus®е компанија за развој на софтвер и консултантски услуги со докажано искуство во успешни деловни софтверски решенија. Компанијата има над 850 ИТ специјалисти ширум светот и нуди широк спектар на софтверски производи, решенија и услуги, успешно покривајќи ги европските и американските пазари преку неколку канцеларии и претставништва низ целиот свет. Портфолиото на решенија и услуги вклучува BSS / OSS, CRM, CEM, BusinessIntelligencesolutions, ALM, Embeddedprogramming, business и consumer производи, мобилни апликации и gaming решенија, ManagedServices, како и консултации и развој на апликации на барање на клиентите. Портфолиото се состои од голем број клиенти, вклучително и глобални телекомуникациски оператори и производители на мобилни и електронски уреди, организации во банкарскиот и финансискиот сектор, технологија, образование, здравство, итн.