Заклучно со 17 октомври со една доза на вакцина против Ковид – 19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 33%, соопшти Министерството за здравство.
Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во Охрид(65,1%), Кавадарци(65,3%), Неготино(66,3%), Гевгелија(62,4%) и Ресен(60,6%).
Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип, Пробиштип.
Помеѓу 40-50% опфат на вакцинирани граѓани има во Кичево, Свети Николе, Кочани, Виница, Делчево, Крива Паланка, Струга, Македонски Брод и Тетово.
Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.
„Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот. Ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време на еден од најблиските пунктови до местото на живеење“, велат од МЗ.