Полицијата денеска излезе со детали за вчерашната тешка сообраќајна несреќа кај Требош, во која загина едно лице.
На 19.10.2021 во 16.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Скопје-Тетово, кај „Требошки надвозник”, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „голф”, управуван од М.А.(33) од село Требош и камион „мерцедес” управуван од П.М.(34) од Скопје. По сударот двете возила удриле во автомобил „опел зафира”, паркиран од Ш.К.(49) од Тетово и комби „пежо”, поради дефект паркирано од Е.К.(27) од Тетово.
На местото на несреќата починал пешакот Ф.Р.(45) од Тетово, кој претходно бил сопатник во товарното возило „пежо”, со тешки телесни повреди се здобил пешакот Е.К. кој претходно го паркирал истото товарно возило и со телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф”, Е.Љ.(31) од Тетово, констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Тетово.