На 19.10.2021 околу 16.40 часот на ул.„Борис Кидрич” во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода Б.Ш.(26) од Тетово.
Истиот е приведен поради сомнение дека во повеќе наврати го уценувал 23-годишниот Д.Ш., исто така од Тетово, дека ќе објави компромитирачки информации и фотографии, за што од него подолго време барал и добивал пари. При лишувањето, на Б.Ш. му била пронајдена и марихуана.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирањена случајот, по што против него ќе бидат изготвени соодветни поднесоци.