Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска на земјите-членки им кажа дека се „премногу зависни од гасот”, во контекст на тековната енергетска криза во која цените на бензинот се искачија на рекордни височини.
Фон дер Лејен ги повика земјите од ЕУ да ја намалат зависноста од природниот гас и ја истакна потребата од „зелениот договор”, јави Еуроњус.
-Брзата транзиција кон чиста енергија Унијата ќе ја направи понезависен глобален играч, рече Фон дер Лајен.
„Денеска Европа е премногу зависна од гасот и увозот на гас”, рече претседателката на ЕК пред пратениците.
-Одговорот има врска со диверсификацијата на нашите добавувачи … и, што е најважно, забрзување на транзицијата кон чиста енергија, додаде таа.
Фон дер Лајен ја повика ЕУ да ја забрза транзицијата кон чиста енергија од ветер и сонце, која може да се произведува во земјите и на крајот ќе биде многу поевтина од увезените фосилни горива.
Неодамнешниот раст на цените на бензинот ги погодија најранливите во ЕУ, а Фон дер Лејен повторно ги повика земјите -членки да ги прилагодат даноците и трошоците за енергија за да ги заштитат најсиромашните граѓани.
-Транзицијата кон чиста енергија е од витално значење не само за нашата планета. Тоа, исто така, е клучно за нашата економија и за одржливоста на цените на енергијата, рече таа.
Зелениот договор на Европската комисија има за цел до 2030 година да ги намали емисиите на штетни гасови со ефект на стаклена градина за 55 отсто и до 2050 година Унијата да ја направи неутрална на јаглерод.