Актерката Селма Хајек (55) ги украде сите погледи на лосанџелеската премиера на филмот „Eternal“, каде се појави во друштво на својата 14-годишна ќерка Валентина Палома Пино, која јавноста нема прилика да ја види често.
Мајката и ќерката за оваа прилика и модно се вклопиле, а двете носеле црн фустан со „В“ израз.
Селма е инаку позната по своето бујно деколте, а фустанот кој го носела уште толку го истакнувал тој дел.
Инаку, Валентина е единствено дете на Селма и нејзиниот сопруг Анри Пино, а ја добила за кратко време откако почнале да се гледаат. Во брак се од 2009 година, а се свршиле на романтична церемонија во Париз.
Еве како изгледале Селма и нејзината ќерка Валентина:
Сподели