Навивач на Манчестер Сити се бори за живот по „кукавичкиот“ напад на навивачите на Клуб Бриж по синоќешната средбата во Бриж во Лигата на шампионите.
63-годишен поддржувач, кој е дел од групата поддржувачи на Сити наречена „Сина месечина Белгија“, беше нападнат на станица во близина на стадионот, по убедливата победа на англискиот тим од 1-5.
Британските медиуми пишуваат дека најпрво настанала вербална расправија поради тоа што навивачот носел шал од Манчестер Сити, а потоа ситуацијата ескалирала и нападнатиот навивач е во кома и се бори за својот живот.
Манчестер Сити одигра доминантен натпревар во Белгија и со убедливи 1-5 направи голем чекор до пласманот во осминафиналето на ЛШ.