Нашата политика во наредните четири години е фокусирана на подигнување на нивото и квалитетот на одржување на постојното зеленило и садници и воспоставување нови зелени површини, а клучниот капитален проект е изградбата на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4.
Наша заложба ќе биде субвенционирање на граѓаните во Општина Карпош со инвертери заради зголемување на енергетската ефикасност, а со тоа намалување на загаденоста, односно заштита на животната средина.
Еден од нашите главни приорите е одржување на високо ниво на комуналната хигиена и урбаната опрема во Општината, за што ќе ангажираме соодветен број комунални редари. Во соработка со НВО, градските јавни претпријатија и општествено одговорните компании, нашата политика е Карпош да прерасне во општина со „нула отпад“.
Иако климатските промени, заштитата на водните ресурси и пречистувањето на отпадните води се прашања за кои општината нема посебни ингеренции, нашата политика во наредниот четиригодишен период е активно да се вклучиме во активностите што ги спроведуваат Владата и Град Скопје. Тоа особено се однесува на заштита на реката Вардар и изградбата на пречистителната станица за отпадни води на Град Скопје.