Холивудската ѕвезда Џони Деп престојува 24 часа во Белград, а неговите обожаватели од Србија се пресреќни и го следат секој негов чекор.
Истото се случувало и синоќа пред да оди на вечера, кога бројни фанови го пречекале, пишува српски „Блиц“.
Пред да влезе на вечерата, тој се фотографирал со фановите и делел автограми. Во еден момент, една госпоѓа му пришла и побарала автограм за нејзината ќерка.
– Ве молам, за мојата ќерка, таа е тука – му рекла на актерот.
„Каде е таа?“, прашал Деп, а потоа му пришла девојката.
Актерот ја прашал како се вика, на што таа одговорила дека се вика Нина и почнала да плаче од среќа.
Деп се фотографирал со Нина, ѝ дал автограм и ја прегрнал, а нејзината мајка постојано се обидувала да ја смири.
„Не плачи повеќе“, мајката ѝ рекла на ќерката, која била преплавена од возбуда и емоции поради тоа што го запознала својот омилен актер.