Јапонската Влада верува дека ракетните тестирања на Пјонгјанг претставуваат закана и за соседните земји и за меѓународната заедница, изјави заменик генералниот секретар на владата во Токио, Јошихико Исозаки.
– Нуклеарните и ракетните активности на Северна Кореја, вклучувајќи го и неодамнешното лансирање подморнички ракети, го загрозуваат мирот и безбедноста на нашата земја, регионот и целата меѓународна заедница, истакна Исозаки.
Тој оцени дека најновите лансирања на севернокорејски воени подморнички ракети се „очевидно кршење на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН” и нагласи дека Јапонија ќе ја продолжи тесната соработка со САД, Јужна Кореја и целата меѓународна заедница за решавање на проблемите кои ги предизвикува Северна Кореја.
Јапонскиот функционер посочи дека Токио, со оглед на развојот на нуклеарната и ракетната програма на Северна Кореја, ќе мора да го зајакне својот ракетен одбранбен систем.