Ние од родителите добиваме информации дали децата се позитивни на ковид-19 или не. Неговиот класен раководител ме извести дека момчето е во домашна изолација бидејќи татко му е позитивен. Ученикот беше во изолација од 12. октомври и оттогаш неговите родители никому не се јавуваа – раскажува директорката на училиштето
Трагедија се случи во Крушевац во Србија – 16-годишно момче починало во својот дом додека бил во изолација поради корона, јавуваат српските медиуми.
Шеснаесетгодишен ученик од Хемиско-технолошкото училиште од Крушевац, Србија почина вчера во домашна изолација.
Според изјавите за „Новости“ на мајката на починатиот средношколец, тој бил тестиран и позитивен на корона.
И таткото на момчето бил позитивен на коронавирусот. Повеќе податоци за причината за смртта на средношколецот се очекува да бидат познати во текот на денот.
Според телеграф.рс, директорката на училиштето каде учел тинејџерот ја потврдила трагичната вест за порталот, а во разговорот изјавила дека сеуште не било утврдено дали момчето имало коронавирус и дека тие немаат официјални податоци за тоа.
– Ние од родителите добиваме информации дали децата се позитивни на ковид-19 или не. Неговиот класен раководител ме извести дека момчето е во домашна изолација бидејќи татко му е позитивен. Ученикот беше во изолација од 12. октомври и оттогаш неговите родители никому не се јавуваа – раскажува директорката.
Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје во Крушевац за во областа Расина, каде настава посетуваат 24.000 ученици, од почетокот на оваа учебна година вирусот корона е регистриран кај 696 ученици и 122 наставници.