Во Бугарија од денескја во сила е задолжителниот зелениот сертификат за КОВИД-19 за сите активности во затворен простор и за посета на сите јавни затворени места освен аптеки, банки и продавници за храна.
Учениците од 1 до 12 одделение во Софија, како и областите Видин, Габрово, Ќустендил, Монтана и Перник, се се префрлаат на онлајн настава.
„Зелен сертификат“ се добива за комплетна вакцинација со две дози, прележана болест или негативен тест за коронавирус, што ќе го издадат лабораториите во Бугарија. Министерот за здравство Стојчо Кацаров предупреди која лабораторија и да издаде лажни потврди ќе и биде одземена лиценцата и ќе одговара согласно законот. Со овој документот ќе може да се посетуваат кина, театри, концерти, трговски центри, фитнес центри, базени.
На универзитетите во Бугарија исто така ќе се спроведува настава со физичко присуство само доколку студентите и професорите имаат зелен сертификат. Без зелен сертификат ќе биде можно да се користи јавен превоз и да се влезе во продавници за храна и аптеки, банки. Државната администрација исто така е ослободена од тоа. Документот не е потребен ниту за наставниците. Сите вработени во старечки дом мора да имаат и зелен сертификат. Сертификат за деца под 12 години нема да биде потребен.