На 20.10.2021 во 15.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Даме Груев”, на излез од паркинг простор, Г.Г.(57) од Скопје ја отворил предната врата од запрено патничко возило „даихатсу териос”, со скопски регистарски ознаки, при што удрил велосипед, управуван од Ц.В.(73) од Скопје.
Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски”. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.