Победата над Лихтенштајн од 4:0 и поразот од Германија со истиот резултат (0:4) во мундијалските фудбалски квалификации од евро-зоната во октомври ја задржаа репрезентацијата на Македонија на истата 74. позиција на ФИФА рејтинг листата објавена денеска.
Македонија во последните неколку месеци доживеа пад од 62. место до 74. позиција откако ги загуби сите три натпревари на ЕП 2020, а потоа нареди и три нерешени исходи во текот на минатиот месец во квалификациите за СП-2022.
Македонската репрезентација последните два меча од групата за мундијалските квалификации ги играат следниот месец против Ерменија на 11 ноември и Исланд на 14 ноември, и има теоретски шанси да се бори за втората позиција и евентуален настап во баражот за настап на Мундијалот во Катар.
Мали рокади се направени и меѓу најдобрите десет селекции за овој месец. Лидер остана Белгија, пред Бразил, па следуваат Франција и Италија кои имаат скок за по едно место, додека Англија има пад. Исто така едно место се искачи и Шпанија, на сметка на Португалија, а Данска која во моментов е во најдобра форма и има осум од осум во квалифакациите без примен гол е 10. светска селекција.
До крајот на годината Македонија ќе одигра уште два натпревари и тоа со Ерменија на гости и со Исланд дома, со можност да напреди напредок на рејтингот.