Претседателот на Алијанса за Албанците, г-дин Зијадин Села, во просториите на Собранието на се сретна со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, г-дин Христијан Мицкоски, со кого разговараше за текот на изборниот процес и понатамошните чекори.
На средбата беше потврдена заемната поддршка во вториот круг, за општините за кои имавме договор за првиот круг.
-Коалицијата меѓу Алијанса за Албанците и Алтернативата е стабилна и работиме заедно за да создадеме ново парламентарно мнозинство во многу краток период. И покрај манипулациите, притисоците, купувањето на гласови и злоупотребите, граѓаните докажаа дека се против Владата, и сегашната власт веќе нема легитимитет да ја води земјата ниту на локално ниту на централно ниво, велат од АА.