Повеќекратниот германски фудбалски шампион Баерн Минхен кој има освоено и три европски титули со триумфот над Бенфика (4:0) во 3. коло од групната фаза во елитното клупско натпреварување Лигата на шампионите постави нов рекорд со освоени максималните девет бода.
Досега не се случило Баерн во првите три натпревари во групната фаза да нареди три победи. Никогаш претходно германскиот тим немал двоцифрен број на постигнати голови и без ниту еден примен.
Во овој момент Баерн во групата Е од ЛШ има гол-разлика 12:0. Прво ја победи Барселоан со 3:0, потоа Динамо Киев со 5:0 и Бенфика со 4:0.