Светската организација за борба против перење пари (ФАТФ) денеска ја стави Турција под надзор поради пропусти во борбата против перењето пари и финансирање на тероризмот.
Шефот на ФАТФ, Маркус Плејер изјави дека постојат „сè уште сериозни проблеми” при контролата на финансиските операции во Турција, поради што организацијата ја вклучила Турција во својата сива листа на земји под засилен надзор поради стратешки недостатоци во нивните режими за борба против перење пари и финансирање тероризам.