Амбасадорите на Сојузна Република Германија во земјите од регионот предводени од Анке Холштајн, амбасадор на Германија во земјава како дел од агендата во рамки на регионалната конференција чиј домаќин беше германската амбасада, остварија посета на Дрекслмајер како германски инвеститор во земјава. На воведната презентација им беа прикажани најважните моменти од основањето на компанијата како и идните стратешки проекти.
За време на обиколката низ фабриката, гостите беа придружувани од страна на Генералниот менаџер на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер и добија целосна слика за целокупниот синџир за производство на производи наменети за премиум сегментот во автомобилската индустрија.
„Драго ни е што имавме можност да им посакаме добредојде на германските амбасадори од земјите од регионот во Дрекслмајер Кавадарци. За време на нашата средба со нив ги разгледавме најважните аспекти за нас како што се нашите вработени и меѓународните Дрекслмајер стандарди имплементирани на двете локации во земјава, а ги претставивме и идните перспективи и планови“, вели Генералниот менаџер на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер.
Гостите беа запознаени со бројните проекти во рамки на делот за општествена одговорност кои Дрекслмајер ги иницира и ги реализира заедно со своите вработени. Дипломатите ја посетија и специјализираната училница за практична настава во рамки на моделот на дуално образование според германски стандарди.
„Добивме многу позитивен впечаток за она што го видовме во Дрекслмајер на локацијата Кавадарци. Воодушевени сме од добрата организација во фабриката. Особено го поздравуваме залагањето на Дрекслмајер во делот на спроведувањето на германскиот модел на дуално образование. Младите луѓе се нашата иднина. Поддршката која Дрекслмајер ја дава кон заедницата во којашто делува е одличен пример за општествено
одговорно однесување“, рече амбасадорката Холштајн.