На 20.10.2021 во 22.30 часот во полициската станица Кичево, приведен е М.М.(30) од Кичево, информира Стефан Димоски, портпаролот на СВР Охрид.
Кичевецот е приведен поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на неговиот татко Н.М.(50), по што тој починал.
Извршен е увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Кичево.
Се работи на целосно расчистување на случајот.