НБ: Продолжува годишниот раст на депозитите и кредитите

Депозитите во септември бележат годишен раст од 8,3 проценти, а кредитите од 6,3 проценти, објави Народната банка.

На месечно ниво, има пад на вкупните депозити за 0,8 проценти поради намалувањето на депозитите на корпоративниот сектор за 2,8 проценти и растот на депозитите кај домаќинствата за 0,5 проценти.

Според податоците што ги објави централната банка, забележано е зголемено кредитирање и на месечно и на годишно ниво кај двата сектора, но со поголем обем кај домаќинствата. Кај корпоративниот сектор се бележи нагорна промена и на годишно и на месечно ниво за 4,8 проценти и 0,6 проценти, а кај домаќинствата за 7,5 проценти и 0,8 проценти. Растот во поголем дел произлегува од кредитите одобрени во денари.

Најголем раст е забележан кај потрошувачките и станбените кредити, додека кај автомобилските кредити има месечно зголемување од 2,4 проценти, а на годишна основа продолжува трендот на намалување. Кредитите одобрени на кредитни картички бележат и месечно и годишно намалување.

Најновото соопштение за монетарните движења е достапно на:

https://www.nbrm.mk/content/statistika/Soopstenija/%D0%9CD/2021/Soopstenie_za_pecat_monetarni_dvizenja_2021_septemvri_mk.pdf

Треба да знаете
Последни објави