Речиси 200 загинати во Индија и Непал во поплави и лизгање на земјиштето

Речиси двесте луѓе загинаа по неколкудневните големи поплави и катастрофални свлечишта во Индија и Непал, кои затрупаа цели семејства во нивните домови, објавија властите денеска, а метеоролошките агенции предвидуваат нови обилни дождови.
Официјалните бројки денеска покажуваат 88 смртни случаи во Непал и 102 во Индија.
Сите непредвидливи и екстремни временски услови кои деновиве ја погодија јужна Азија се резултат на климатските промени и се влошени поради уништувањето на шумите, изградбата на брани и прекумерниот развој, велат експертите.
Државниот секретар за природни катастрофи, С. Муругешан рече дека бројот на жртвите може да се зголеми бидејќи многумина се прогласени за исчезнати, вклучувајќи 20 туристи кои се искачувале на глечер.
Метеоролошките служби издадоа таканаречен црвен аларм за Западен Бенгал, предупредувајќи дека екстремно обилните врнежи од дожд ќе продолжат и во четврток во Дарџилинг, Калимпонг и Алипурдуар.
Во 2018 година, речиси 500 луѓе загинаа во Керала, која беше опустошена од најголемите поплави во последните сто години.
Треба да знаете
Последни објави