Разобличени се сите дезинформации во јавноста за наводни нови парламентарни мнозинства. Сите партии од коалицијата јасно потврдија дека имаме парламентарно мнозинство и владина коалиција која е стабилна, обединета, коалиција која го води нашето општество напред, силна и сплотена.
Продолжуваме да работиме посветено, заедно за доброто на граѓаните.
Пред нас имаме друг предизвик. Граѓаните ни упатија критика. А, ние тој став го слушаме и го уважуваме. Свесни сме дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки.
СДСМ ги слуша луѓето, не гази врз нив. СДСМ учи од грешките. Постојано се менуваме и ги поправаме грешките за да обезбедиме подобар живот за граѓаните. Ние сме демократска партија која се менува после критика.
СДСМ од понеделникот влезе во процесот на унапредување на комуникација со граѓаните и на тој начин стануваме уште подостапни за народот и ги зајакнуваме механизмите за брз одговор на сите потреби. Од овој момент, постапуваме по насока која ја дава народот.
Да се обединиме и да го дадеме гласот за напредокот на државата. Во вториот круг сме во 40 општини меѓу кои и Град Скопје.
Токму Скопје ја влече државата напред. Скопје е наше, на сите. Пред се на скопјани, но и на Македонците, Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците и другите. Напредокот е невозможен ако Скопје продолжи назад.
Гласот за СДСМ на 31 октомври е глас за живот во слобода и демократија, со власт која слуша и се корегира, а не со режимска власт пред која народот молчи.
Со СДСМ продолжува растот на платите, пензиите, стипендиите, парите одат кај граѓаните, во мостови, железници, булевари, а не во споменици.
Земјата продолжува да се движи по европскиот пат за кој сме цврсто определени, наместо за нова неизвесност, кавги и поделби.
Да се обединиме околу идејата која води напред, во иднината, кон подобар живот и слободно утре. Ние знаеме како тоа да го овозможиме. Обединети!