Барселона во последниот ден од преодниот рок се обиде да го врати Дани Олмо на „Камп Ноу“, но трансферот не се реализира. Шпанските медиуми објавија дека Олмо веќе има договор со Каталонците и дека Барселона ќе се обиде да го реализра трансферот во јануари.
Олмо е дете на Барселона кој сега настапува за германскиот фудбалски бундеслигаш РБ Лајпциг. Играше за младинските селекции на овој клуб во периодот од 2007 до 2014 година, кога замина во Динамо Загреб.