Ако сакаа да не казнат нашите гласачи можеа за ВМРО – ДПМНЕ да излезат да гласаат и казната ќе биде испорачана, но сега сигналот го пратија и сигналот е примен, истакна претседателот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за ТВ21. Тој кажа дека СДСМ се менува во континуитет, преку кадровски промени и промени на политики.
-Граѓаните исто така се чуварите на иднината, тие одлучуваат во каква иднина ќе оди нашата земја, нашето Скопје, Битола, Струмица, за нашето Тетово и затоа предизвикот е токму тој – треба да знаат граѓаните дека кај Владите, градоначалниците, Советите, Парламентите е гајлет четири години. Но сега гајлето кога се избори е кај граѓаните, рече Заев.
Според него определбата каков човек и каква политичка опција се бира, таква и судбина следува наредните четири години.
-Можеби е тоа најдобрата определба, но вие треба на избори да ја потврдите. Можеби е најлошата, која можете да ја потврдите и седејќи дома. Затоа е многу важно, граѓаните да излезат на гласање, сите и да го дадат правецот и на Скопје, но и на Гостивар, Битола, Куманово и на сите други општини кои останаа во вториот круг, додаде претседателот на СДСМ.