СДСМ на овие локални избори изгуби дел од општините кои изминативе четири години беа под нивно раководство.
Премиерот Заев по завршувањето на изборите даде изјава дека ја разбрал пораката која била испратена.
,,Ние тој став и тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме. Свесни сме, и јас лично, и партијата, дека повеќе нема толеранција за повторување на истите грешки.” рече премиерот Заев.
Заев испрати порака до своите членови и поддржувачи и побара од нив да се уважат барањата на граѓаните.