Илиевски: Реконструкција на Градскиот парк и Градскиот стадион

На денешата прес конференција кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски истакна дека значајно место во Програмата „Најдоброто за Куманово“ завзема Градскиот стадион.

„На овој потег од градот се наоѓа и Градскиот стадион кој исто така завзема значајно место во Програмата и истиот ќе биде целосно реконструиран, со три трибини, , со што ќе му го вратиме изгубениот сјај на овој објект и ќе допринесеме Куманово да се врати на фудбалската мапа“- рече Илиевски.

„Дополнитено, во следните четири години, конечно ќе го реализираме долгонајавуваниот проект за оградување и целосно хортикултурно уредување на Градскиот парк, кој исто така за најмалите ќе добие катче со детски реквизити за игра.“- потенцираше тој.

Тој истакна дека ќе се изгради и кеј од влезот на градот до поранешниот Хотел Куба од двете страни со продлжување на пешачката патека по должината на кејот.

„Со современо уреден кеј, со раззеленети површини, со амфитеатар на кејот, култни куќи и нова урбана опрема да изградиме нов лик на овој дел од градот.

Нема да имаме потреба да заминуваме надвор од градот за да прошетаме покрај зелени дрвја и паркови, парковите ќе си ги донесеме тука, да може секој да излезе на чист воздух, на кафе на клупа, на џогирање. „

„Да продолжиме со проекти за унапредување и модернизација на градот.“- заврши Илиевски

 

Треба да знаете
Последни објави