Долго време Наполи се мачеше за да дојде до гол и да стигне до победа, па Инсиње во завршните 15 минути, набрзина со гол и асистенција им пресуди на Полјаците. Откако не можеа да најдат начин како да дојдат до погодок, еден прекрасен гол на Инсиње кој беше неодбранлив го трасираше патот кон триумфот, биејќи неодбранливо и погодувајќи во мрежата на Легија, а само четири минути потоа, со асистенција му овозможи на Виктор Осимен да ја дуплира предноста и да ја завери победата. Матео Политано во 95-та минута само даде трет гол за убедлив триумф на наполитанците.
Наполи со оваа победа сега има четири бода на контото и се искачи на второто место, колку и Лестер третото, а Легија остана прва со шест, додека Спарак Москва со 3 е последна.
Вест Хем со 3-0 го здроби Генк за максимален ефект од 9 бода во групата на Динамо Загреб и практично со една нога во пролетните елиминации, а победи и Лион на гости во Прага кај Спарта со 4-3, како и Ајнтрахт Франкфурт дома со 3-1 против Олимпијакос.
Монако го доби дербито со 2-1 во Ајндховен против ПСВ, а Диоп беше клучен со гол на минута пред крајот на мечот.
ГРУПА А: Спарта Прага – Лион 3-4, Глазгов Ренџерс – Брондби 2-0
ТАБЕЛА: Лион 9, Спарта П. 4, Г. Ренџерс 3, Брондби 1
ГРУПА Б: ПСВ – Монако 1-2, Штурм – Реал Сосиедад 0-1
ТАБЕЛА: Монако 7, Реал Сосиедад 5, ПСВ 4, Штурм 0
ГРУПА Ц: Спартак Москва – Лестер 3-4, Наполи – Легија 3-0
ТАБЕЛА: Легија 6, Наполи 4, Лестер 4, Спартак М. 3
ГРУПА Д: Фенербахче – Антверпен 2-2, Анјтрахт – Олимпијакос 3-1
ТАБЕЛА: Ајнтрахт 7, Олимпијакос 6, Фенербахче 2, Антверпен 1
ГРУПА Е: Лацио – Марсеј 0-0, Локомотив Москва – Галатасарај 0-1
ТАБЕЛА: Галатасарај 7, Лацио 4, Марсеј 3, Локомотив М. 1
ГРУПА Ф: Лудогорец – Брага 0-1, Митјиланд – Ц. Звезда 1-1
ТАБЕЛА: Ц. Звезда 7, Брага 6, Митјиланд 2, Лудогорец 1
ГРУПА Г: Селтик – Ференцварош 2-0, Бетис – Баер Леверкузен 1-1
ТАБЕЛА: Баер Л. 7, Бетис 7, Селтик 3, Ференцварош 0
ГРУПА Х: Рапид Виена – Динамо 2-1, Вест Хем – Генк 3-0
ТАБЕЛА: Вест Хем 9, Динамо З. 3, Рапид В. 3, Генк 3