Романскиот претседател Клаус Јоханис денеска го назначи пензионираниот генерал Николае Чиука за мандатар за состав на новата влада, со што се стави крај на едномесечниот политички ќорсокак.-Политичката криза мора да заврши сега. Сега. Сега сите заедно треба да ставиме крај на оваа криза, што трае предолго, со оглед на пандемиската криза и драматичната состојба во болниците како што доаѓа зимата, рече Јоханис.
Либералот Чиука (54), кој во моментов е вршител на должноста министер за одбрана, служел во воените кампањи под водство на САД во Ирак и Авганистан.
Мандатарот има рок од десет дена да ги зацрта владините мнасоки на делување и да ја добие довербата од парламентот.
Дачијан Чиолос вчера не успеа да ја добие довербата на парламентот за неговата центристичка малцинска влада.
Романскиот претседател му даде мандат на Чиолос, лидерот на партијата УСР, да формира нова влада, откако неодамна беше изгласана недоверба на коалициската влада предводена од Флоријан Циту, која траеше само девет месеци.