Спремаме тим на луѓе кои се стручни во делот на екологијата, дел од невладиниот сектор, професори кои заедно со општинската власт ќе носат решенија како да се развива во делот на зеленилото во самата општина, истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ за Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето на Канал 5 телевизија. Тој кажа дека при секоја сеча ќе се носи решение кое дрво е за сеча, а кое не.
-Дополнително во самата програма имаме ставено регистар на зеленило односно на дрвја и се останато. Тоа го има во Град Скопје, но за жал, го нема во општините и дополнително планираме да го спроведеме истото, рече Герасимовски.
Според него при секоја реконструкција на улицата треба да се знае кое дрво мора да се отстрани, односно кое е старо, а по истиот принцип би се планирала и самата реконструкција на улиците.
Тој додаде дека во изминатите четири години се за пофалба општината и градот Скопје за садење на нови дрва и одржување на парковите.
-Ќе направиме тим на луѓе кои ќе направат посебен катастар на дрвја кои што ги има во самата општина. Да знаеме кои се дрвја се за сечење во иднина треба да ги сечеме и во иднина, не само на тоа место туку и на други места, на секое едно исечено да имаме две нови дрвја. Парковите добро се одржуваат, што мора да се пофали Петре Шилегов, во делот на нови стази, чистење на самото корито на Вардар, во делот на чистење на стазите за спортување покрај самата река, но дополнително мора да имаме тим на луѓе кои ќе бидат стручни во тој дел и ќе даваат насоки како ќе го развиваме екологијата и зеленилото, заклучи Герасимовски.