Српските медиуми јавуваат дека осомничениот убиец на тричленото семејство Ѓокиќ од Алексинац присуствувал на нивниот погреб во селото Моравац, кади и биле ликвидирани.
Полицијата неодамна го приведе Горан Џониќ кој е осомничен дека го извршил убиството над Горан, Гордана и нивната ќерка Лидија по кои полицијата трагаше една недела.
Се уште не е познато како успеал да ги намами во пустата улица, но она што го изјавија тамошни власти и според медиумските пишувања, осомничениот некое време го планирал убиството и се подготвувал за истото. Претходно однел канти во бензин и ја ископал дупката во која по убиството ги фрлил телата. Имено, осомничениот маж му е братучед на убиениот Горан и според пишувањата на медиумите, двајцата биле во добри односи и немале никакви проблеми.
Дел од медиумите објавуваат дека осомничениот присуствувал на погребот на членовите на семејството Ѓокиќ и одблизу го гледал спуштањето на нивните ковчези.
Она што полицијата досега го открила, а што е познато, е дека во дворот на осомничениот пронајдени се закопани 43.000 евра. Дополнително светло кон него фрлил и фактот дека само неколку дена по убиството тој вратил долг во висина од 8.000 евра.
При приведувањето, осомничениот Горан се бранел обвинувајќи го синот за убиството. Рекол дека не бил тој виновен туку неговиот син.