Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев можат да обезбедат напредок на патот кон ЕУ само ако државата има такви политики и на локално ниво, наместо политики што ќе направат се за да не скараат со Бугарија, со Грција, со соседите.
Борбата на Владата предводена од СДСМ за еднакво општество за сите е можна само ако имаме градска власт која го негува тој концепт, наместо националистите во градот Скопје кои сакаат да го загрозат тоа.
Токму затоа, како одговорна и државотворна партија, ве повикуваме на обединување околу концептот кој води напред.
СДСМ ја разбра пораката од народот и по неа веднаш постапува. И понатаму внимателно ќе го слушаме гласот на народот.
Видовме што е граѓанството во град Скопје. Знаеме дека ништо не сме ние без граѓаните, затоа што граѓаните знаат се.
За таа цел се формира граѓански совет каде ќе се одлучуваат важните работи како буџет, програми, ребаланс на буџетот и ќе се носат важни политички одлуки од советот на општината, па потоа градоначалникот ќе спроведува.
Видовме колку се моќни граѓаните, тие мора да бидат вклучени целосно во процесите на одлучување.
СДСМ и коалицијата се обединуваат за да продолжи напредокот на општините, за да продолжи развојот на Град Скопје, за да продолжи интеграцијата на државата.