Бугарија и Хрватска од недела ќе станат дел од групата земји од ЕУ прогласени за високоризични за Ковид-19, одлучи германската Влада, јави ДПА, повикувајќи се на информации од Институтот „Роберт Кох”.
Секој кој не е целосно вакциниран или оздравен, а кој ќе влезе на територијата на Германија од ризично подрачје, мора да биде во карантин десет дена. Периодот на карантин може да се скрати на пет дена по негативен тест за коронавирус. Досега, само Романија, Литванија и Словенија беа земји -членки на Европската унија за кои важеше ова правило.
Во светот, околу 70 земји што се целосно или делумно вклучени во ризичната листа на Институтот „Роберт Кох”. Покрај Бугарија и Хрватска, во недела на списокот се додаваат и Камерун, Сингапур и Република Конго,а од него се отстрануваат Кенија, Косово, Ирак и Хондурас.
Земјите и регионите со особено висок ризик од инфекција се класифицирани како области со висок ризик. Меѓутоа, не е пресуден само бројот на заразени. Останатите критериуми се брзината на ширење на вирусот, тежината врз здравствениот систем или недостатокот на податоци за состојбата со ситуацијата со коронавирусот.