Од денес љубителите на велосипедизмот може да уживаат во втората велопатека која е пуштена на Водно. Новата планинска велосипедска патека е долга 3,64 км и широка 3 метри со специјално изработени безбедни свиоци и рампи. На патеката нема пресеци и мешање со пешачки патеки што ја прави многу безбедна. Патеката спаѓа во таканаречената „семејна категорија“. Таа е истовремено безбедна за употреба од страна на сите генерации, но апелираме истата да се користи исклучиво со соодветна заштитна опрема. Новата велопатека „Flow“ е наменета за надолно движење со која се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје.
За да можеме да ја доживееме убавината на велопатеките кои ги направивме на Водно ги повикуваме сите љубители на природата недела на 24-ти Октомври да го посетат вториот Фестивал за алтернативен туризам кој ќе се одржи на Средно Водно. Настанот е со почеток во 10:00 и учество земаат сите најголеми дистрибутери на велосипеди и велосипедска опрема, а ќе биде пропратен секако со добра забава.