Ракометарите на македонскиот и двократен европски првак Вардар во 5. коло од групата А во Лигата на шампионите го претрпеа вториот последователен пораз, овојпат на гостувањето кај актуелниот вицешампион, данскиот Алборг (33:29).
Тимур Дибиров кој постигна девет гола и сите во првото полувреме беше најсветлата тѕочка кај „црвно-црните“. Еден од неговите девет погодоци се најде во изборото на ЕХФ на топ 5 листата на најубави голови на колото. Голот на Дибиров е четврти најубав на колото. Крилото на Вардар во негов стил, маестрално ја сврте топката и ја смести во мрежата.